Macedonia

Барса пак е на +9 пред Атлетико, на „Ноу Камп“ падна Реал Сосиедат (видео)

МАКФАКС - Sab, 20/04/2019 - 22:52

Каталонскиот клуб Барселона вечерва со 2-1 го совлада тимот на Реал Сосиедат и повторно ја зголеми предноста на табелата во Ла лига во однос на второпласираниот Атлетико Мадрид на + 9 поени на 5 кола до крајот на првенството.

Домашниот тим дојде во водство во 45 минута со голот на Ленглет.

Во вториот дел, во 62 минута гостите израмнија со погодокот на Хуанми.

Голот за победа вреден три бода за домашните го постигна дефанзивецот Жорди Алба само две минути по израмнувањето.

Барса е прва по 33 коло со 77 бода и ја делат уште две победи за освојување на шампионската титула.

Реал Сосиедат е на 10. позиција на табелата, далеку во безбедната зона на опстанок, а предалеку да се вмеша во борбата за излез во фудбалска Европа.

Текстот Барса пак е на +9 пред Атлетико, на „Ноу Камп“ падна Реал Сосиедат (видео) е превземен од МАКФАКС.

Categorie: Macedonia

Тројца „граѓани“, двајца „црвени“ и еден „син“ во трка за најдобар во Премиерлигата

МАКФАКС - Sab, 20/04/2019 - 22:07

Фудбалери на Манчестер Сити, на Ливерпул и еден член на Челси се номинирани кандидати во скратениот список за најдобар играч во Премиер лигата за актуелнава сезона.

Ова денеска го објави Асоцијацијата на професионални фудбалери.

На листата кандидати за престижната награда се Бернардо Силва, Рахим Стерлинг и Серхио Агуеро од Манчестер Сити. Потоа Садио Мане и Вирџил ван Дајк од Ливерпул, а шестиот номиниран е Еден Азар од Челси.

Најдобриот играч во Премиерлигата ќе биде прогласен на гала-свеченост на 28 април во Лондон.

Минатата сезона титулата отиде во рацете на голгетерот на Ливерпул, Мохамед Салах.

The nominees for the PFA Players’ Player of the Year!

🇦🇷 @aguerosergiokun
🇳🇱 @VirgilvDijk
🇧🇪 @hazardeden10
🇸🇳 Sadio Mané
🇵🇹 @BernardoCSilva
🏴󠁧󠁢󠁥󠁮󠁧󠁿 @sterling7#PFAawards | #POTY pic.twitter.com/j6YvXaRtSJ

— PFA | Professional Footballers' Association (@PFA) April 20, 2019

Текстот Тројца „граѓани“, двајца „црвени“ и еден „син“ во трка за најдобар во Премиерлигата е превземен од МАКФАКС.

Categorie: Macedonia

Ролекс повторно прогласен за најпрестижна компанија во светот

МАКФАКС - Sab, 20/04/2019 - 21:50

Швајцарскиот производител на часовници Ролекс по четврти пат по ред е прогласен за најпрестижна компанија во светот.Оваа награда се доделува од 1997 година, а листата на 100 најугледни компании е составена од Институтот за репутација од Бостон.
        
И оваа година, Ролекс зад себе ги остави добро познатите компании како што се ЛЕГО, Волт Дизни, Адидас, Мајкрософт, Сони, Канон, Мишелин, Нетфликс и Бош.
        
За да дојдат до овие резултати, истражувачите од Институтот за репутација од Бостон анкетирале повеќе од 230.000 лица во 15 земји низ светот.
        
Компаниите кои се разгледуваат да влезат во листата, обично имаат приход поголем од 50 милијарди долари годишно, присуство во сите анкетирани земји и брендот да го познаваат барем 40 проценти од популацијата.
        

Текстот Ролекс повторно прогласен за најпрестижна компанија во светот е превземен од МАКФАКС.

Categorie: Macedonia

Ајакс победи кај Гронингем и ја продолжи битката за титулата со ПСВ (видео)

МАКФАКС - Sab, 20/04/2019 - 21:45

Екипата на холандски Ајакс несомнено ги собра симпатиите на неутралните љубители на фудбалот откако најпрво го елиминираше големиот Реал Мадрид од Лигата на шампионите, а потоа во следната фаза го „зема скалпот“ и на моќниот Јувентус. Младиот тим сега ќе игра полуфинале во елитното европско натпреварување против Тотенхем.

Сепак фудбалерите на Ајакс не можат да одморат кога станува збор за домашниот шампионат. Таму се во мртва трка со екипата на ПСВ.

Денеска Ајакс играше гостински меч против тимот на Гронингем. „Копјаниците“ од Амстердам со голот на Клас Јан Хунтелар во 78 минута славеа важна победа и барем до утре ќе останат единствени на чело на табелата.

ПСВ има три бода помалку од Ајакс, но утре ќе го одиграат натпреварот од ова коло, на домашен терен против Ден Хаг.

Текстот Ајакс победи кај Гронингем и ја продолжи битката за титулата со ПСВ (видео) е превземен од МАКФАКС.

Categorie: Macedonia

Поглед во внатрешноста на аеродромот во Сингапур – домот на највисокиот водопад во светот

МАКФАКС - Sab, 20/04/2019 - 21:20

По четиригодишна изградба и огромен медиумски интерес, долгоочекуваниот аеродром ,,скапоцениот камен” Чанги во Сингапур е официјално отворен.

Аеродромот се протега на простор од 135.700 квадратни метри и е замислен како комплекс за мулти-употреба, дизајниран како огромна шума која шти ги поврзува четирите терминали на аеродромот.

Најдобриот аеродром во светот сега е уште подобар и тешко дека некој ќе успее да го симне од листата на која доминира во изминативе седум години.

Изградбата на аеродромот чинеше околу 1,25 милијарди долари и е дизајниран од страна на познатиот архитект Моше Сафдие.

,,Скапоцениот камен” има 10 нивоа – пет над земјата и пет под земјата. Главна атракција е на 40-метриот водопад, што каскадно паѓа во центарот на аеродромот и се смета за највисокиот водопад кој е изграден во затворен простор. Посетителите можат да се прошетаат преку Canopy мостот, кој ќе се наоѓа на височина од 23 метри.

Најголема атракција на аеродромот Чанги е Canopy park, кој е со големина од 11 олимписки базени, и содржи интересни активности за децата, како лавиринт од жива ограда, мостови со стаклено дно и дождовни шуми во затворен простор.

Текстот Поглед во внатрешноста на аеродромот во Сингапур – домот на највисокиот водопад во светот е превземен од МАКФАКС.

Categorie: Macedonia

Утре втор круг од претседателските избори во Украина

МАКФАКС - Sab, 20/04/2019 - 21:00

Вториот круг од претседателските избори ќе се одржи утре во Украина, каде што гласачите ќе избираат меѓу актуелниот шеф на државата Петро Порошенко и неговиот противник, Володимир Зеленски, кој според анкетите за јавно мислење има предност.

Во првиот круг на избори, Зеленски освои 30 отсто од гласовите, додека Порошенко освои само 16 отсто од довербата на гласачите.
        
Порошенко, кој според предизборните анкети заостанува многу зад Зеленски, го обвини политичкиот противник за недостиг на политичко искуство кое, како што смета, е неопходно за да ја одржи Украина на нејзиниот прозападен курс и да ја спречи Русија да ја привлече назад ,,во својата орбита”.

Текстот Утре втор круг од претседателските избори во Украина е превземен од МАКФАКС.

Categorie: Macedonia

ДИК: Гласањето помина без проблеми

МАКФАКС - Sab, 20/04/2019 - 20:59

Државната изборна комисија вечерва излезе со оценка дека денешното гласањето поминало тековно и без проблеми. Ден пред претседателските избори во земјава, своето гласачко право го остварија затворениците, изнемоштените и дијаспората.

,,До 18.30 часот, според информациите кои ги добиваме од избирачките одбори, вкупната излезност од гласањето во странство изнесува 686 гласачи односно 38,51 процент. Напоменуваме дека во оваа излезност поради временската зона не се вклучени шесте избирачки места во САД и Канада. 13 гласачки места во казнено-поправните установи каде своето гласачко право денеска можеа да го остварат 1 640 гласачи се затворени. Гласањето таму течеше без проблеми, а до 18.30 часот според информациите од избирачките одбори гласаа околу 55 проценти од запишаните избирачи”, информираат од ДИК.

Текстот ДИК: Гласањето помина без проблеми е превземен од МАКФАКС.

Categorie: Macedonia

Јувентус е старо-нов шампион на Италија, осмипат во низа (видео)

МАКФАКС - Sab, 20/04/2019 - 20:43

Јувентус попладнево со 2-1 ја победи Фиорентина и на 5 кола до крајот на годинешната сезона во Серија А повторно ја освои тутулата. Ова е осми трофеј за фудбалерите на торинскиот клуб во низа.

Сепак, денеска работите не одеа според планот на „Старата дама“. Фиорентина уште во 6 минута поведе со голот на Миленковиќ.

Израмнувањето на резултатот дојде во 37. Минута, стрелец за Јуве, Алекс Сандро. Со автоголот на Пецела, во 53 минута Јувентус направи комплетен пресврт и ги постави конечните 2-1.

Со новото Скудето, Јувентус во витрините веќе собра 33 трофеи од првата лига на Италија.

За првата ѕвезда на Јуве, Кристијано Роналдо ова е шеста национална титула, три има претходно во Шпанија и две во Англија. Сепак, куриозитет е што во Италија титула освои уште во првата сезона по доаѓањето, нешто што не му успеа во првенствата во кои настапуваше.

Двајца фудбалери на Јувентус се шампиони осум години во низа, тоа се Џорџо Кјелини и Андреа Барзаљи.

Текстот Јувентус е старо-нов шампион на Италија, осмипат во низа (видео) е превземен од МАКФАКС.

Categorie: Macedonia

Честитка од Џафери за католички Велигден

МАКФАКС - Sab, 20/04/2019 - 20:31

,,Ми претставува особена чест и задоволство да од мое лично име и од име на пратениците во Собранието на Република Северна Македонија, на сите верници од католичка вероисповед кои живеат во и надвор од границите на Република Северна Македонија да Ви го честитам големиот христијански празник, Воскресение Христово – Велигден”, се вели во четитката на претседателот на Собранието, Талат Џафери за католичкиот Велигден.
           
,,Во оваа прилика, би сакал да Ви упатам искрени желби за добро здравје, радост и спокој во кругот на вашите најблиски. На овој голем празник, Ви посакувам да го славите животот со сета своја вистинска убавина и исполнети со најголемиот дар на овој ден Велигден, а тоа е надежта. Затоа, во духот на празникот, Ви пожелувам надежта и љубовта да царуваат во вашите срца, вашите домови и секаде околу вас.

Оваа празнична прилика ќе ја искористам и за да се заблагодарам на католичката заедница во Република Северна Македонија за големиот придонес кој секојдневно го дава на сите полиња на општественото живеење. Дозволете ми уште еднаш да Ви посакам убави и весели празнични денови поминати во мир и благосостојба”, се додава во честитката.
 
            

Текстот Честитка од Џафери за католички Велигден е превземен од МАКФАКС.

Categorie: Macedonia

Мира Марковиќ погребана во Пожаревац

МАКФАКС - Sab, 20/04/2019 - 20:30

Мирјана Марковиќ, вдовицата на поранешниот претседател на Сојузна Република Југославија и хашки осуденик, Слободан Милошевиќ, беше погребана денеска во Пожаревац.
       
Урната со пепел е закопана по липа во дворот на семејната куќа, каде што во 2006 година беше погребан и Слободан Милошевиќ.

Според медиумите, дворот бил полн со луѓе кои биле таму за да и оддадат почит, свештеници од епархијата одржале опело, а урната е спуштено во земја со руската песна Подмосковски вечери.
        

Текстот Мира Марковиќ погребана во Пожаревац е превземен од МАКФАКС.

Categorie: Macedonia

Париз: Уапсени 126 лица на протестите на ,,Жолтите елеци”

МАКФАКС - Sab, 20/04/2019 - 20:30

На протестите на,,Жолтите елеци” во Париз се уапсени 126 лица, а полицијата со демонстрантите, кои подметнуваа и мали пожари, се пресмета фрлајќи солзавец.

Полицијата соопшти дека досега 126 лица се приведени, а приверкис е извршени врз 11.000 луѓе, кои се обиделе да дојдат во францускиот главен град на протестите.

Полицијата употребила солзавец поради тензиите во маршот на неколку илјади луѓе кои се движеа од Министерството за финансии кон Плоштадот на Републиката во источниот дел на Париз.
        
Барикадите беа запалени на едно место, а на друго гореа гранки од дрвја.Пожарникарите брзо реагирале и го изгаснале огнот.
        
Како што е наведено, демонстрантите се дополнително револтирани бидејќи за само неколку часа милијардерите ветија стотици милиони евра за обнова на опожарената катедрала Нотр Дам, додека нивните барања во долготрајната борба со француската влада остануваат неисполнети.

Текстот Париз: Уапсени 126 лица на протестите на ,,Жолтите елеци” е превземен од МАКФАКС.

Categorie: Macedonia

Судири меѓу „жолтите елеци“ и полицијата во Париз

Нова Македонија - Sab, 20/04/2019 - 20:03

По релативно мирните протести на француските „жолти елеци“ изминатите две саботи, на денешните 23-ти по ред саботни протести во Париз дојде до судири меѓу демонстрантите и полицијата, јави дописникот на МИА.

Иако одѕивот на протестите не беше голем, само со околу 28.000 демонстранти, од кои околу 9.000 во Париз, силните полициски сили извршија околу 20.000 превентивни контроли и уапсија 227 лица само во францускиот главен град.

Во доцните попладневни часови имаше спорадични судири меѓу жолтите елеци и полицијата на Плоштадот на Републиката. Демонстрантите притоа палеа и уништуваа автомобили и клупи и палеа контејнери.

Протестот на оваа група почна мирно пред зградата на француското Министерство за финансии, каде демонстрантите побараа намалување на даноците за работниците и пензионерите и зголемување на даноците за богатите. Тие потоа од пред Министерството се упатија кон Плоштадот на Републиката, каде се судрија со полицијата, која употреби солзавец и водени топови за нивно разбивање.

Водата од водените топови беше светло сина и најверојатно има улога на „маркер”, нешто што веќе го најави францускиот премиер Едуард Филип кон средината на март.

Филип тогаш соопшти дека полицијата ќе го користи средства за „обележување” на учесниците на демонстрациите, по насилството и грабежите на 18-тите саботни протести на „жолтите елеци”. Тој најави користење „обоени и видливи маркери”, што може да се задржат неколку недели. Овие два типа на течности имаат за цел да означат некого за време на прекршок, за потоа да се олесни неговото апсење.

Друга група „жолти елеци“ се собраа близу катедралата Нотр Дам, која беше сериозно оштетена во голем пожар меѓу понеделникот и вторникот, а трета група од околу 200 лица се обидоа насилно да влезат во Елисејската палата, при што беа спречени од полицијата.

Градските власти на Париз денеска апелираа за прекин на насилството, кое по забраната за собири на Шанзелизе, се пренесува во другите делови на градот.

Меѓу демонстрантите веројатно имаше припадници на анархистички движења кои провоцираа судири со полицијата, но и самите жолти елеци се радикализираа разочарани од решенијата понудени од францускиот претседателот Емануел Макрон за излез од кризата, како и од астрономските суми собрани за реставрацијата на Нотр Дам за само неколку дена.

Дел од учесниците на протестите носеа плакати со натпис „Сите ни сме катедрали“, оценувајќи дека за време на петмесечните протести „жолтите елеци“ не предизвикале толкаво сочувство меѓу француската елита, како опожарената Богородична црква. Тие ја „потсетија“ Владата дека обновата на катедралата Нотр Дам не е единствениот проблем што треба да се реши во земјата.

Еден од лидерите на „жолтите елеци“, Пјер Дерие вчера на Фејсбук објави дека движењето „изразува негодување затоа што за четири дена е собрана милијарда за камења (алудирајќи на Нотр Дам), а за сиромаштијата ништо“.

Француското Министерство за внатрешни работи вчера соопшти дека за време на денешните протести ширум Франција ќе бидат распоредени околу 60.000 полицајци, потенцирајќи дека нема да бидат дозволени собири околу Нотр Дам. 

The post Судири меѓу „жолтите елеци“ и полицијата во Париз appeared first on Нова Македонија.

Categorie: Macedonia

САД ќе и испорачаат три хеликоптери ,,Блек Хок” на Албанија

МАКФАКС - Sab, 20/04/2019 - 20:00

Соединетите Американски Држави (САД) ќе испорачаат три хеликоптери ,,Блек Хок” во Албанија, со цел да ги зајакнат нивните воени капацитети, објави албанското Министерство за одбрана.
        
Албанската министерка за одбран, Олта Џака, која е во посета на САД, потпиша договор за набавката со Националната гарда на Њу Џерси, објави АП.
        
Хеликоптерите се дел од американскиот пакет за поддршка за Албанија, која во 2009 година влезе во НАТО и го заменува застареното оружје со новите стандарди на Алијансата.

Текстот САД ќе и испорачаат три хеликоптери ,,Блек Хок” на Албанија е превземен од МАКФАКС.

Categorie: Macedonia

Три лица претепале 16-годишно момче од Визбегово

МАКФАКС - Sab, 20/04/2019 - 19:45

Вчера во 12.55 часот во Полициската станица Бит Пазар било пријавено дека истиот ден околу 12.40 часот на ул.„192“ во село Визбегово, скопско, три лица физички го нападнале Х.Р.(16) од село Визбегово. Се преземаат мерки за расчистување на случајот, информира МВР.

Текстот Три лица претепале 16-годишно момче од Визбегово е превземен од МАКФАКС.

Categorie: Macedonia

Пожар зафати три возила во Скопје

МАКФАКС - Sab, 20/04/2019 - 19:30

Пожар зафати три возила во Скопје. Изутринава во 3.46 часот во СВР Скопје било пријавено дека на булеварот „Јане Сандански“ настанал пожар во возило „порше кајен“, сопственост на М.Ј.(43) од Скопје. Од огнот биле зафатени и возила „сузуки“и „пежо“. Извршен е увид, информира МВР.

Текстот Пожар зафати три возила во Скопје е превземен од МАКФАКС.

Categorie: Macedonia