Traduci pagina

English French German Italian Portuguese Russian Spanish

Macedonia

Шолц: ЕУ мора да даде зелено светло за Северна Македонија и Албанија

Makedonsko Sonce - Gio, 23/06/2022 - 1:45pm

ЕУ мора да даде зелено светло за Северна Македонија и Албанија, изјави денеска пред Бундестагот германскиот канцелар Олаф Шолц, прогнозирајќи дека утрешниот самит во Брисел со земјите од Западниот Балкан „нема да биде едноставен“, истовремено изразувајќи надеж дека „сите ќе се надминат себеси и ќе ја сфатат својата одговорност”.

Шолц, како што пренесува Дојче Веле на македонски јазик, пред Бундестагот изјави дека не е изненаден што самитот ЕУ-Западен Балкан во Брисел за малку ќе бил откажан поради одбивањето на лидерите на Северна Македонија, Албанија и Србија да одат на него, посочувајќи дека по толку неостварени ветувања за овие земји, не е изненадување што се случуваат такви работи.

– За малку немаше да се одржи утрешниот самит ЕУ-Западен Балкан. И искрен да бидам, тоа не треба никого да изненадува. Кога ќе разбудите очекувања, кога ќе им кажете дека патот кон ЕУ се исплаќа, кога ќе се преземат напори, и ќе се ризикуваат политички конфликти во сопствената земја, една земја- Северна Македонија дури го смени и името за да го реши спорот со Грција, и сето тоа ништо не помага и ништо не се придвижува, тогаш е сосема разбирливa вознемиреноста која ја чувствуваат политичките раководства и граѓаните и граѓанките на овие земји, изјави Шолц.

Во обраќање до парламентот, германскиот канцелар Шолц го поздрави францускиот предлог и ја повика Бугарија да излезе од минатото и да се насочи кон иднината.

Categorie: Macedonia

ДОМ ќе ја напушти Владата ако се прифати францускиот предлог

Makedonsko Sonce - Gio, 23/06/2022 - 1:42pm

Демократската обнова на Македонија (ДОМ) објави дека ќе ја напушти Владата ако се прифати францускиот предлог. Ваквата одлука, како што информираа вечерва од партијата, била разгледана на денешниот состанок на Извршниот одбор во проширен состав.

– Раководството на ДОМ едногласно донесе став дека овој предлог е неприфатлив и Владата треба да го отфрли. Отворените прашања со Бугарија треба билатерално да се решаваат во добра волја, взаемна почит и согласно европските вредности. ДОМ останува на ставот дека за македонскиот јазик и идентитет не смее да се преговара. Доколку Владата го прифати овој т.н. француски предлог, ДОМ ќе ја напушти Владата и парламентарното мнозинство, се вели во соопштението од ДОМ.

Од ДОМ сметаат дека овој предлог ќе го претвори пристапниот процес за членство на земјава во ЕУ во бескрајна агонија и го доведува во неизвесност и самото започнување на преговорите.

Претходно, со ист став, излегоа и Демократскиот сојуз и ЛДП.

Categorie: Macedonia

Бил Козби осуден за сексуален напад на тинејџерка пред 47 години

МАКФАКС - Mer, 22/06/2022 - 10:39am

Судот во Калифорнија ја осуди поранешната телевизиска ѕвезда Бил Козби за сексуален напад на тинејџерка уште во далечната 1975 година.

Џуди Хут, сега 64-годишна жена ќе добие 500.000 долари отштета. Одлуката на поротата е засега единствената правосилна против 84-годишниот поранешен актер кој досега беше обвинет од десетина жени за сексуални напади.

Пред помалку од една година, Козби беше пуштен од затвор затоа што Врховниот суд во Пенсилванија му ја укина пресудата за сексуално злоставување на Андреа Констанд, поранешна директорка на кошаркарски клуб.

Козби е познат по своето хумористично шоу „Козби шоу“.

Текстот Бил Козби осуден за сексуален напад на тинејџерка пред 47 години е превземен од МАКФАКС.

Categorie: Macedonia

Објавена книгата „Раскази за љубовта“ од Михал Вивег

МАКФАКС - Mer, 22/06/2022 - 10:30am

Издавачката куќа Готен ја објави збирката раскази „Раскази за љубовта“ од еден од најпопуларните современи чешки писатели, Михал Вивег. Преводот од чешки јазик е на Соња Стојменска-Елзесер.

Делата на Вивег се преведени на повеќе од 25 јазици, а само во Чешка неговите книги се продадени во повеќе од 1 милион примероци.

Збирката раскази „Раскази за љубовта“ ги содржи главните карактеристики на прозното писмо на Вивег – одлично чувство за раскажување приказни, дозиран хумор, луцидно согледување на односите меѓу луѓето.

Млади љубовници и постари љубовници, парови во брак и разведени, неженети мажи и вдовици, отворени и прикриени страсти, непредвидени емоции што се појавуваат во различни ситуации, копнежи што не се реализираат или се остваруваат на необичен начин – едноставно, љубовта во сите нејзини облици – тоа е главната тема на „Раскази за љубовта“.

Сите 16 раскази од книгата го носат печатот на авторот кој умее своето чувство за стил и композиција да ги обедини во приказни полни со живот и умешно нијансирање на основната тема. Михал Вивег ги набљудува среќните и тажните страни на љубовта, не само со разбирање, туку и со иронична ладнокрвност. Повремената тага и меланхолијата вткаени во овие кратки прози речиси секогаш благовремено се натопени со хумор, па иако емоциите играат главна улога во текстовите, тие никогаш не навлегуваат во патетика.

Михал Вивег е мајсторски раскажувач и затоа неговите раскази се читаат со исклучителна леснотија и уживање.

Соња Стојменска-Елзесер (1963) работи како научен советник и професор во Институтот за македонска литература во Скопје, во Одделението за теорија на литературата и компаративна книжевност. Дипломирала на Катедрата за општа и компаративна книжевност при Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ во Скопје (1986). На истиот факултет го одбранила магистерскиот труд „Теориско-методолошките начела на Михаил Бахтин“ (1995) и докторската дисертација на тема „Лудистички постапки во современиот расказ“ (2003).

Во периодот 1997–2000 работела како лектор по македонски јазик и литература на Карловиот Универзитет во Прага, Република Чешка.

Авторка е на книгите: „Пулсирачка филологија“ (1997), „Игропис: есеи за книжевниот лудизам“ (2004), „Споредбена славистика“ (2005), „Гризни го јаболкото: антологија на македонската еротска проза“ (2006), „Компаративна книжевност“ (2007), „Еквилибриум/Equilibrium“ (2009), „Со посвета“ (2013), „(Не)секојдневни љубопитства“ (2018).

Издавањето на книгата е поддржано од програмата „Креативна Европа“ на Европската Унија.

Текстот Објавена книгата „Раскази за љубовта“ од Михал Вивег е превземен од МАКФАКС.

Categorie: Macedonia

Радев: Францускиот предлог е најдобар во моментов

МАКФАКС - Mer, 22/06/2022 - 10:18am

Претседателот на Бугарија – Румен Радев денеска изјави дека „францускиот предлог за деблокирање на евроинтегративниот процес на Македонија е најдобар за Бугарија, но бугарските политичари не треба да брзаат да прогласат историска победа, бидејќи предложените документи не даваат доволно гаранции за заштита на интересите на Софија.

Тој истакна дека најдоброто е тоа што Бугарија успеала да се спротивстави на два совета за проширување на ЕУ, кога имала јасна позиција и јасни аргументи.

Радев смета дека „прашањето за одбрана на граѓанските права и борбата против дискриминацијата не може да биде билатерално прашање само меѓу Бугарија и Република Македонија, туку мора да се постави на ниво на ЕУ“.

Ги повика бугарските политичари да не брзаат со прогласување историска победа затоа што промената на Уставот на Македонија не е последен, туку прв чекор кон интеграцијата на земјава во ЕУ.

„Треба да биде јасно дека овој процес се заснова на два важни документи – првиот е Преговарачката рамка, која е обврска и ја подготвува ЕУ. Вториот е билатералниот протокол, кој е наша заложба и е составен дел на преговарачката рамка“ – рече Радев, пренесува „БГНЕС“.

Текстот Радев: Францускиот предлог е најдобар во моментов е превземен од МАКФАКС.

Categorie: Macedonia

Владата нема да дозволи штрајкот на железницата да победи, вели британскиот вицепремиер

МАКФАКС - Mer, 22/06/2022 - 10:16am

Британскиот вицепремиер, Доминик Раб, денеска изјави дека владата не може да дозволи, како што рече, екстремните синдикати да победат со организирање штрајк на железницата, предупредувајќи дека нивните барања може да предизвикаат спирала на инфлација.

Повеќе од 40.000 работници вчера во Велика Британија го започнаа најголемиот штрајк на железницата во последните 30 години и ги напуштија своите работни места поради спор за платите, условите за работа и работните места.

Штрајкот е организиран поради замрзнување на платите и намалување на бројот на работни места, а синдикатите сметаат дека ова е можен почеток на т.н. лето на незадоволство кај наставниците, медицинските лица, па дури и адвокатите кои се свртуваат кон овој тип на дејство.

Текстот Владата нема да дозволи штрајкот на железницата да победи, вели британскиот вицепремиер е превземен од МАКФАКС.

Categorie: Macedonia

Бугарскиот Парламент не успеа да собере кворум за седницата

МАКФАКС - Mer, 22/06/2022 - 10:11am

Бугарскиот Парламент утринава не успеа да постигне кворум во три обиди.

По првата пауза што ја даде претседателот Мирослав Иванов, се пријавија само 115 лица, а опозицијата од ГЕРБ, МРФ, ИТН и останатите партии не се пријавија. Потребни се најмалку 121 пратеник за да има кворум.

Потоа Иванов најави дека ќе даде уште 20 минути одмор до 9.50 часот кога повторно немаше кворум, јави репортерот на „БГНЕС“.

Првата точка на денешната седница требаше да биде изборот на нов претседател на Собранието, откако Никола Минчев беше сменет од функцијата.
Очигледно опозицијата сака вечерва да се гласа недоверба, јавуваат тамошните медиуми.

Во 19 часот и 10 минути ќе се гласа за недоверба на кабинетот на Петков.

Текстот Бугарскиот Парламент не успеа да собере кворум за седницата е превземен од МАКФАКС.

Categorie: Macedonia

Во областа Харков загинаа 15 цивили

МАКФАКС - Mer, 22/06/2022 - 9:36am

Петнаесет лица, меѓу кои и осумгодишно дете, загинаа во руско гранатирање во регионот Харков, изјави синоќа Олег Синегубов, гувернер на регионот.

Тој во онлајн обраќање рече дека шест лица загинале во и околу Харков, а уште шест во Чугуив, на околу 40 километри југоисточно од Харков.

Синегубов додаде дека три лица загинале и во Золочив, кој се наоѓа северозападно од Харков.

„Ова е тероризам. Тоа се злосторства против човештвото кои мора да бидат казнети“, нагласи гувернерот.

Текстот Во областа Харков загинаа 15 цивили е превземен од МАКФАКС.

Categorie: Macedonia

(Видео) Уапсен скопски дилер, пронајдени околу 400 грама кокаин

МАКФАКС - Mer, 22/06/2022 - 9:25am

Припадници на единицата за недозволена трговија вчера го лишиле од слобода П.К. (31) од Скопје.

Како што информираат од МВР, при претреси на две локации кои ги користи тој, извршени со судска наредба, биле пронајдени и одземени околу 400 грама кокаин, таблети и дигитална вага.

31-годишникот бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Текстот (Видео) Уапсен скопски дилер, пронајдени околу 400 грама кокаин е превземен од МАКФАКС.

Categorie: Macedonia

Училиштето во Тексас каде се случи масакр ќе биде срушено

МАКФАКС - Mer, 22/06/2022 - 9:15am

Основното училиште во Тексас, каде вооружен напаѓач уби 19 ученици и две учителки, ќе биде урнато, изјави градоначалникот, а пренесе Би-би-си. Дон Меклафлин го кажа ова во вторникот на напната и емотивна седница на Градскиот совет со жителите кои бараа одговори за пукањето.

Тој не кажа кога ќе се урне училиштето. Јавниот гнев се зголеми по нападот во мај, а вината беше префрлена на полицијата која чекала повеќе од еден час за да се соочи со напаѓачот. Меклафлин рече дека училиштето ќе биде разрушено бидејќи не може да се бара од ниту едно дете или наставник некогаш да се врати во тоа училиште.

Основното училиште Роб има речиси 600 ученици во второ, трето и четврто одделение. Нападот на 18-годишникот, идентификуван како Салвадор Рамос, доведе до обновена дебата за законите за оружје на национално ниво.

Американските сенатори во вторникот извршија притисок за нов закон кој се однесува на масовните пукања во, како што се вели, најзначајната нова контрола на оружје во генерацијата.

Текстот Училиштето во Тексас каде се случи масакр ќе биде срушено е превземен од МАКФАКС.

Categorie: Macedonia

СДСМ: Мицкоски е единствен опозиционер кој во време на криза работи против државата

МАКФАКС - Mer, 22/06/2022 - 8:50am

ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски, на дебаклот од митинг, добија јасна порака од граѓаните дека не сакаат блокади и деструкции, велат од СДСМ.

Од владејачката партија посочуваат дека во време на, како што велат, најголема глобална економска и енергетска криза граѓаните очекуваат одговорност, конструктивност и посветеност од страна на сите политички партии.

„ВМРО-ДПМНЕ треба да ги прифатат овие пораки од граѓаните, да го променат својот деструктивен начин на однесување и да го стават интересот на граѓаните на прво место.

Наместо да биде единствен опозициски политичар кој и во време на криза работи против државата и граѓаните, Мицкоски да се повлече од деструкциите“, се навeдува во партиското соопштение.

Текстот СДСМ: Мицкоски е единствен опозиционер кој во време на криза работи против државата е превземен од МАКФАКС.

Categorie: Macedonia

ВМРО-ДПМНЕ: Ковачевски мора да го отфрли францускиот предлог, неговите коалициски партнери да му се спротивстават

МАКФАКС - Mer, 22/06/2022 - 8:46am

Коалициските партнери во Владата на СДСМ и ДУИ да го отфрлат предлогот од Париз, во спротивно се соучесници на Ковачевски, посочуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

„ДОМ, ДП, Партијата на пензионери, ВМРО НП и другите коалициски партнери во власта на СДСМ и ДУИ веднаш да излезат и да го отфрлат предлогот од Париз.

Доколку тие излезат и го отфрлат предлогот и му свртат грб на Ковачевски, тој ќе нема друг избор освен и самиот да го отфрли, иако веќе го одобрил и прифатил, пред тој да биде пуштен официјално во јавност“, се наведува во партиската реакција.

Според ВМРО-ДПМНЕ, доколку партиите од коалицијата на Ковачевски и Ахмети им свртат грб сега, тие нема да можат да направат ништо во однос на предлогот, зошто нема да имаат ниту мнозинство од 61 пратеник.

Текстот ВМРО-ДПМНЕ: Ковачевски мора да го отфрли францускиот предлог, неговите коалициски партнери да му се спротивстават е превземен од МАКФАКС.

Categorie: Macedonia